Албанските аналитичари распалија по „Република Илирида“ - несериозен потег

Албанските аналитичари сметаат дека прогласувањето на т.н. „Република Илирида“  е несериозен потег кон нема да има некои посебни импликации на македонската политичка сцена.

„Што поодговорно се однесуваат политичките елити во институциите на Македонија, мислам дека вакви иницијативи ќе наидат на помал одѕив, што понеодговорно се однесуваат, какви било иницијативи, и од овој вид може да најдат поддршка и од граѓаните“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во изјава за Радио Слободна Европа.

Ајладин Демири пак смета дека станува збо за несериозен потег на како што вели за медиумот, романтичарско ориентирани политичари

 

„Не може денеска да откриеме во некакво директно или индиректно политичко дејствување ниту во партиите, ниту кај народот , тоа сепак е еден сон на одредени политичари кои се сеќаваат на своето минато“, вели Демири за Радио Слободна Европа

ФОТО: Еве колку луѓе се појавија на прогласувањето на Република Илирида во центарот на Скопје

18.09.2014 - 14:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега