Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

 Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира  дека заради технички зафати во електро-системот утре од 06:30 до 07:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Драчево во општина Кисела Вода  и дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без електрична енергија од 06:30 до 17:00 часот, ќе останат корисниците од  ул. Киро Фетак во населба Драчево во  општина Кисела Вода, од 08:00 до 11:00 часот корисниците од  дел од село Ракотинци општина Сопиште, од 09:00 до 14:30 часот  корисниците од  ул. Хо Ши Мин, ул. Натанаил Кучевишки, ул. Краишка, ул. Ѓорѓи Костовски и ул. Кирил Манчев во општина Бутел  и ул. Иван Аговски  во  општина  Карпош. Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  ул. Софиска, ул. Петар Драганов, ул. Копенхагенска, ул. Стокхолмска, ул. Бриселска и ул. Његошева  во општина Карпош, и корисниците од  дел од викендиците во Матка  во општина Сарај.

18.09.2014 - 15:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега