Украдени пари, пиштол и куршуми од стан во Скопје

49- годишниот скопјанец Т.С. останал без златен накит, пиштол ЦЗ кал.7,65мм, две рамки и околу десет куршуми за истиот, откако непознат сторител вчера влегол во неговиот стан на ул. Коста Новаковиќ, во Скопје.

 

Тој со употреба на погоден предмет делувал на бравата од влезната врата на станот, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел речиси се што му дошло при рака а потоа го напуштил местото.

 

 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

19.09.2014 - 13:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега