Викендов ќе се поремети сообраќајот во Скопје - еве каде

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд /20.09.2014 година, сабота и 21.09.2014 година, недела/ на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов", на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“, во периодот од 07.00 – 17.00 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.

 Поради тоа, на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов", ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

19.09.2014 - 14:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега