Сообраќајот ќе се поремети - еве каде нема да се вози

На дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и овој викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Во периодот од 7 до 17 часот на потегот од раскрсницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“ ќе се изведуваат градежни активности.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

20.09.2014 - 10:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега