Дилер од Скопје заврши во затвор

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје, со кривична пријава до Основното јавно обвинителство го предаде 45-годишниот С.Ф. поради сомневање дека сторил кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Тој во текот на овој и минатиот месец од непознато лице набавил и чувал неодредена количина хероин во домот во кој привремено престојувал на улицата „Челопек“ во Скопје. Дрогата ја препакувал со намера да ја препродава на уживатели на хероин од Скопје. Извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени една дигитална вага, 3,8 грама хероин, 38,9 грама мешавина од парацетамол и кофеин, паковка за ЦД  врз која има остатоци  од хероин, банкнота од 10 денари свиткана во вид на цевке со остатоци од хероин и пресечена визит карта со остатоци од хероин, како и 17.000 денари. Од страна на судија му е изречен притвор во траење од 30 денови

20.09.2014 - 13:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега