Македонските вина - најдобри во светот!

 

Вината „Вранец Веритас“ и „Аминта“ на винарница „Стоби“ освоија златни медали на Меѓународниот натпревар за квалитет на вината „Мундус Вини“. На овој натпревар македонската винарница освои и сребрени медали за вината „Кабарне Совињон“, „Шардоне Барик“ и „Петит Вердо“. 

- Признанијата што ги добиваме за нашите вина на ваквите светски натпревари е од големо значење за винарница „Стоби“, затоа што тие претставуваат најважната препорака пред нашите консументи и купувачи од земјата и од странство,  изјави Дане Јованов, директор на „Стоби“.

Одлуката за петте престижни награди за квалитет во конкуренција од многу европски земји да ги добие винарница Стоби, ја донесе меѓународно жири сочинето од висококвалификувани судии – дегустатори, односно енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери, и новинари што ја следат светската винска индустрија.

Мундус Вини, Меѓународниот натпревар за квалитет на вина, се организира од 2001 година во Германија.  Се одржува според правилата на Меѓународната организација за вино и Меѓународната унија на енолози.

22.09.2014 - 13:24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега