ФОТО: Од утре вака ќе изгледаат 10 евра
Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена во оптег од утре 22 септември. Како и новата банкнота од 5 евра, новата пара од 10 евра содржи неколку подобрувања кога станува збор за заштита. Холограмот и водениот жиг на банкнотата го покажуваат портретот на Европа, лик од грчката митологија. На новата банкнота има уште неколку обележја кои на фалсификаторите би требало да им ја отежни работата. На рабовите се поизразени релјефните линии кои можат да се почуствуваат со благ допир на прст. Покрај тоа предната страба има рефлектирачки делови. Иако во последните неколку години се зголеми бројот на фалсификувани банкноти, Европската централна банка воведува нови банкноти сака да биде на чекор пред фалсификаторите. В о соопштението на Европската централна банка се наведува дека поради искористување на залихите и понатаму ќе се издаваат банкноти од 10 евра од првата серија. Тие ќе бидат во оптег истовремено со новите банкноти од 10 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа