Подгответе се за големо заладување: Дожд, ветер и температури околу нула

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и опаѓање на утринските температури кои во среда  ќе се движат од еден до осум степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен на повисоките места и силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Утре претпладне се уште ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, а ќе има и повремен локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а поради намалување на облачноста во попладневните часови во среда утринските температури значително ќе опаднат и ќе се движат од еден до осум степени.

Од УХМР препорачуваат во случај на појави на електрични празнења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Утринските температури во четврток ќе се движи од 3 до 10, во петок од 7 до 13, во сабота од 6 до 12 и во недела од 4 до 10 степени. Дневната температура ќе биде од 17 до 26 степени

22.09.2014 - 13:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега