Општината Ѓорче Петров го прослави својот 69. роденден

Голем број манифестации со музички и спортски предзнак ја одбележаа годинешната прослава на 20 септември, празникот на општината Ѓорче Петров.

Општинарите се потрудија и годинава програмата да изгледа сосема поинаку од минатогодишната. Уште на 16 септември, во Центарот за култура, почна прославувањето со најоригиналното детско фестивалче „Соната“ на кој беа изведени 11 нови песнички.

На сите екипи градоначалникот Митровски им подари дресови и топки за фудбал, ракомет, кошарка и одбојка. На традиционалната крводарителска акција се собраа 117 кеси од драгоцената течност. Започнаа завршните работи на локалниот пат Волково - Орман кој ќе биде широк 6 метри и тротоар од левата страна. Поставено е и улично осветлување. Ова е посебно важно за децата од ООУ „Јоаком Крчовски“. Во завршна фаза е и патот од Стопански двор кон с. Свиларе. Во употреба беше пуштена и улицата „Црногорска2“ на која присуствуваше и градоначалникот на Градот Скопје Коце Трајановски.

 Претставата, посветена на животот и делото на големиот македонски револуционер Ѓорче Петров, а во која учество зедоа нашите познати актери Владо Дојчиновски, Љупчо Тодоровски, Мони Дамевски и Сашка Бошковска како и минатата година така и годинава остави најголем впечаток кај присутната публика. Се промовираше и најновата книга на проф.- д-р фолклорист г-дин Марко Китевски „Народната култура на територијата на општината Ѓорче Петров“.Прекрасна збирка на традиции, верувања и необјавени народни песни од селото Кучково и другите населени места во општината.

Ова е петто издание зад кое стои општината како ментор. По тој повод градоначалникот Митровски истакна,„ТАТКО МИ СЕКОГАШ МИ ВЕЛЕШЕ: СИНКО, СЕ ШТО ЌЕ ЧУЕШ, А ВРЕДНО Е ДА СЕ ЗАЧУВА ЗАПИШИ ГО И ПРЕНЕСИ ГО И НА ДРУГИТЕ ЗА И ТИЕ ДА ГО ПРЕНЕСАТ. ДА СЕ ЗАПОМНИ.СЕКОГАШ КОГА НА ПОВИДОК Е НОВО ПИШАНО БОГАТСТВО ВО КОЕ СЕ ЗБРАНИ ОСТАВШТИНИ ОД ОВА ПОДНЕВЈЕ МИ ТЕКНУВА НА ОВОЈ АМАНЕТ НА МОЈОТ ТАТКО. ТОА И ГО ПРАВАМ СИТЕ ОВИЕ ИЗМИНАТИ ГОДИНИ. СО ВРВНИ И ДОКАЖАНИ НАУЧНИЦИ КОПАМЕ ПО МИНАТОТО ОТКРИВАЈЌИ БЕЗБРОЈ БОГАТСТВА КОИ КАКО ДИЈАМАНТИ ГИ ВМЕТНУВАМЕ ВО ЃОРЧЕПЕТРОВСКИОТ ВИТРАЖ“.

Концерт одржаа и студентите при Факултетот за Музичка уметност од Штип кои во преполната сала на Центарот за култура се претставија со колажи од фолклорното богатстсво од источна и западна македонија.

,„КУД „ Глигор Прличев“ и КУД-ови гости од пет градови од Македонија одржаа прекрасен фолклорен концерт во Реонскиот парк. Во саботата на 20 септември прославувањето започна со Свечената седница на Советот на општината на која беа поделени признанија, пофалници и благодарници. Годишната награда „Ѓорче Петров“ за 2014 година ја доби КУД „ Глигор Прличев“ за постигнати посебни резултати во областа на фолклорот и афирмација на општината во земјата и странство. Плакетата за првенец на генерацијата 2013-2014 ја доби Елена Костовска од ООУ „ Јоаким Кечовски“. Благодарници за успешна реализација на проекти од областа на спортот во општината Ѓорче Петров и негова подршка се доделени на: Фудбалската федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Европски универзитет наРепублика Македонија.Сопственикот на Европскиот универзитет г-динот Боја Андревскивоедно додели и бесплатно школување за најдобриот фудбалер натурнирот во мал фудбалДраган Петровиќ.Благодарници за успешна соработка и афирмација на општината во земјава и странство седоделија на „Европска Очна болница„ и „Алкалоид АД Скопје“, а благодарници за успешна соработка се додоелија и на Коњичкиот клуб „Тристар“ и „Ива-Кас Инжинеринг. Признанија за 15 и 10 годишна континуирана работа во Општината Ѓорче Петров  се доделија на  Бошко Стојанов, Маја Голабовска, Благица Стојанова , Благојче Нешовски, Стеван Милчевски, Лена Ивановска. Мирјана Станојковска, Бранкица Гацоваи ТониНаеделковски.Својот работен векво општината го завршија иМилутин Китановски и ВојчеЧоќоровски.Признанија за придонес во афирмирање на Општината во областа на крводарителството му е доделени на Љубинко Ристов. По втор  пат годинава , на тениските терени во училиштето „ Мирче Ацев“, се одржа тениски турнир „Ѓорче Петров Опен-2014“на кој учествуваа 30 млади тенисери од градот Скопје.Победничкиот хар го понесе Илија Андреевски. На стадионот „Македонски лавови“ започна училишната лига во голем фудбал. Пред почетокот на овој традиционален турнир Градоначалникот Митровски им додели опрема на сите училишта за одбојка, кошарка и фудбал. Шахистите од Здружението на пензионери- Ѓорче Петров беа трето пласираната екипа на турнирот во шах. Втори беа „Шаховските пријатели“, а првото место го освоија  шахистите од ООУ„ Димитар Поп Георгиев Беровски“. На првиот турнир во мал фудбал, инициран од председателот на Советот на општината, познатиот интернационален фудбалски арбитар Гоце Петревски, „Ѓорче Петров –КУП 2014“ третото место и 25.000 ден го освои екипата на „Тигар“ „Адренико“, беше второпласираната екипа и добија 50.000 денари, а тимот на „Спортска гостилница“ ја освои првата награда од 100 илјади денари.

Најдобар во тенискиот турнир беше а маратонот најбрзо го претрча Кристијан Милошевиќ од ООУ „Мирче Ацев. На самиот ден на прославата 20 септември „Дувачкиот градски оркестар“ одржа едночасовен концерт во паркот.

Ѓорчепетровскиот коњички клуб „Тристар“ и уште пет други клубови од Македонија се натпреваруваа во коњички скокови. Овој атрактивен настан привлече голем број гледачи. Желбата, секоја прослава да биде поинаква од изминатата се исполни во целост. Општината покажа дека знае  и може со својата програма да привлече голем број посетители. Така беше годинава, така ќе биде и во иднина. 

22.09.2014 - 15:34


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега