Зоран Божиновски е пуштен на слобода

Зоран Божиновски, обвинет во аферата Шпион од вчера е на слобода во Србија. Како што јавува Плусинфо повикувќи се на официјални извори од Судот во Нови Сад, на Божиновски му е укинат екстрадициониот притвор и пуштен е да се брани од слобода.
Како превентивна мерка, забрането му е да ја напушта Србија и одземен му е пасошот.

Божиновски е обвинет за изнуда на пари. Тој, според обвинението заедно со останатите обвинети, им се заканувале на познати македонски бизнисмени дека ќе објават компромитирачки материјали за нив доколку не им исплатат одредена сума на пари.

23.09.2014 - 10:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега