Ставрески: Во моментов на автопатиштата работат 1500 работници

 

Градежништвото со години е стожер на македонската економија, заедно со странските директни инвестиции и извозот. Ова го истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на гостувањето во вестите на Сител, кој потенцираше дека дури повеќе од 25 индустриски гранки зависат од градежништвото.

-Може да се очекува продолжување со ваквите политики. И понатаму ќе има многу пари од буџетот. Годишно преку 340-350 милиони евра наменети за капитални проекти, а плус на тоа има околу 200-250 милиони евра капитални проекти кои што ќе се релаизираат надвор од буџетот преку Јвани претптијатија и акционерски друштва во државна сопственост. Еден пакет од речиси 600 милиони ерва секоја година работат за македонските градежни компании. А тоа создава и дополнителна работа за Бетон, Гранит за Трансмет и за сите домашни компании, подвлече тој.

Илјадници работници се вклучуваат во овие пркети, а како што подвлече Ставрески во моментов само на патиштата работат околу 1500 работници, а за уште 500 работници постојано има оглас.

Се градат и училишта, здравстевни објекти, комунална инфраструктура а сето тоа е добар амбиебнт за градежништвото и тој тренд ќе продолжи и следната година, потврди министерот Ставрески.

23.09.2014 - 10:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега