ФОТО: Од денеска 10 евра изгледаат вака

 

Нов елемент во дизајнот е додавањето на зборот евро на кирилица, кон веќе испишаниот збор на латиница и со грчкото писмо. Тоа се должи на членството на Бугарија во ЕУ. 

Европската централна банка (ЕЦБ) од денеска пушта во употреба нови банкноти од десет евра со подобар систем на заштита и малку изменет дизајн.  Нов елемент во дизајнот е додавањето на зборот евро на кирилица, кон веќе испишаниот збор на латиница и со грчкото писмо. Тоа се должи на членството на Бугарија во ЕУ.  Кратенката ЕЦБ е напишана не на пет, како што беше досега, туку на девет јазици. 

По големината и бојата новите банкноти не се разликуваат многу од претходните, но измените се во усовршената заштита од фалсификување и во новата форма на вертикалниот холограмски раб.  Во период од неколку недели во земјите од еврозоната ќе бидат пуштени во употреба околу 4,3 милијарди од новите банкноти од десет евра. Претходните банкноти од десет евра и натаму се валидни, но банките постепено ќе ги заменат со нови. 

23.09.2014 - 10:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега