ЕВН Македонија ја реконструира и модернизира дистрибутивната мрежа во тетовскиот регион

 

ЕВН ја модернизира и реконструира дистрибутивната мрежа во Тетовскиот регион ЕВН Македонија продолжува да ја модернизира и реконструира дистрибутивната мрежа и во Корисничкиот енерго центар во Тетовскиот регион.

Краток период интензивно се работеше на дистрибутивната мрежа каде се вклучени неколку општини, односно Тетово, Желино, Јегуновце, Теарце, Брвеница и Боговиње. Инвестицијата во овие општини изнесува 1 милион и 500 илјади евра, при што е реконструирана мрежата на сите критични точки, градејќи нова, особено во оние населени места каде е зголемен бројот на корисници.

Во Тетово и околните села изградени се 12 трафостаници, додека 7 други се реконструирани и поставена е кабловска линија од 8160 метри. Исто така изградена е подземна мрежа од 1210 метри со среден напон и е реконструирана е среднонапонската мрежа во должина од 3.750 метри. Во нисконапонската мрежа поставени се подземни кабли од 11.349 метри и 15.405 метри нисконапонска воздушна мрежа, со што повеќе од 11 176 корисници ќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија.

 

ЕВН Македонија ќе продолжи да инвестира во дистрибутивната мрежа низ регионите, за подобрување на напонот и за сигурно снабдување на сите корисници со електрична енергија. 

23.09.2014 - 11:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега