Повеќе од 50 патници утринава се превртеле со автобусот 67

Утрово во 6 часот и 10 минути се преврте автобус на влезот во Драчево кај Паркот на пензионерите. Како што информираат од ЈСП, во автобусот со број 67 се превезувале 50 патници, од кои половина се здобиле со телесни повреди. За среќа, никој не е во животна опасност.

Сè уште се врши увидот на местото на несреќата и не е познато од кои причини дошло до неа. 

Од скопската полиција најавија повеќе информации во текот на денот. 

Овде погледнете фотографии на несреќата.

23.09.2014 - 11:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега