Хрватски актер е новиот агент 007?

Веќе одамна се шпекулира дека хрватскиот актер Горан Вишњиќ би можел да биде новиот Џејмс Бонд. Овие шпекулации повторно се актуелни иако ногумина се свесни дека многу се мали шансите Бонд да го игра актер кој не е од Обединетото Кралство или Австралија.

Дури ни самиот Вишњиќ не сака да ги коментира овие написи, туку само кусо рече дека „не е професионално да се коментира улога која се уште не ја добил“, иако 42-годишниот актер тврди дека е горд со тоа што некои го гледаат во таа ролја.

 

По серијата „Extant“ и помалите улоги во „The Counselor“ на Ридли Скот, Вишњиќ ќе се појави во „Midnight Sun“ на Роџер Спотисвуд  и во кусометражниот филм „95 Decibels“, а дали неговата страница на ИМДП наскоро ќе биде збогатена и со улогата на Џејмс Бонд, ќе покаже времето.

 

 

Тоа што е сигурно е дека актуелниот Бонд, Даниел Крејг го очекуваат уште две продолженија со кои е врзан со договор, а потоа на ред доаѓа наследникот.

23.09.2014 - 11:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега