29 патници од автобусот завршија во Градската болница

Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ утринава пред осум часот биле примени вкупно 29 лица, сите патници од автобусот кој се преврте во скопско Драчево.

Директорката на болницата Јасмина Чабуковска за Курир вели дека задржана е само една жена на возраст од 50 години.

-Пациентката има комоција на главата и е на одделот на неврохирургија. Не е во витално загрозувачка состојба и е задржана на опсервација,поради каракатерот на повредата. Останатите лица кои беа примени по извршените прегледи со контузии по телото, се пуштени на домашно лекување, изјави за Курир д-р Чабуковска.

 

23.09.2014 - 11:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега