Расте бројот на повредени патници во автобусот на ЈСП

Четириесет и седум лица се полесно повредени при денешното превртување на автобус број 67 на ЈСП Скопје на влезот во Драчево. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

Од вкупно 30 пациенти со контузии по телото кои се донесени во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и на кои им се направени потребните снимања и испитувања, 28 се пуштени на домашно лекување. Една жена со контузија на главата е задржана на Одделението за невротраума, а еден маж со фрактура на лумбален слабински пршлен е примен на Одделението за трауматологија, информираат за МИА од таа јавна здравствена установа. Двајцата пациенти се во добра општа состојба, но поради претпазливост се задржани на лекување.

Во Ургентниот центар се донесени 13 пациенти на кои им се вршат дијагностички испитувања. Во моментов сите се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност.

Во ГОБ „8 Септември“ се донесени пет лица со набиеници на меки ткива и без скршеници кои се пуштени на домашно лекување.

Автобус број 67 на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје кој сообраќаа на линијата од Транспортен Центар - Зелениково се преврте изутрината во 6:10 часот на ул. „Драчевска“. Екипи на СВР-Скопје вршат увид на местото на настанот и ги утврдат причините за несреќата.

23.09.2014 - 11:38
Фото: 
МИА


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега