Хрватска се спрема за екстремно висок воден бран

 

Голем воден бран со висина од два метри се очекува за време на викендот да ја зафати Хрватска.

Ова е проценката на Главниот центар за одбрана од поплави на хрватските води.

- Водениот бран му се приближува на Виена, по што се очекува да влезе на територијата на Словачка, а потоа за седум до десет дена бранот ќе го зафати и хрватското Подунавие, објави Центарот.

Инаку, во поплавите кои ја зафатија Европа најмногу се погодени Германија, Чешка и Австрија.

Во поплавите животите ги загубија 11 лица.

најчитано сега