„Мајк, ти благодарам што се грижеше за мене“- Тајсон стана херој
Во текот на целата негова професионална кариера го пратеше имиџот на агресивно и лошо момче, но сепак поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон, ја покажа и другата своја хумана страна.
Боксерот се нашол во несекојдневна ситуација од како на улиците низ Лас Вегас бил сведок на тешка сообраќајна несреќа, во која извесен Рајан Челзи возејќи мотор бил удрен од таксист.
Адвокатот на повредениот мотоциклист за „Асошиејтед прес“ изјавил дека Тајсон бил првиот кој притрчал на помош и им сугерирал на останатите присутни да не го допираат за да не го повредат повеќе.
- Челзи мислеше дека во тие моменти халуцинира. Но, откако беше превезен во локалната болница, лекарите му потврдиле дека токму Мајк Тајсон бил човекот кој го тешел во тие моменти, потенцира адвокатот на 29.годишниот мотоциклист.
Откако на местото на несреќата дошла лекарската екипа, Тајсон неприметно се повлекол од местото на настанот.
Асистентот на боксерот, Стив Лот, потврди дека пред неколку дена Тајсон добил корпа со овошје во која била и пораката на благодарност од Челзи.
На неа пишувало: „Мајк, ти благодарам што се грижеше за мене“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа