Фатени двајца насилници - му приредиле хорор на тетовчанец

СВР Тетово го расчисти разбојништвото над 51-годишниот Ф.Н. Според податоците од полицијата вчера попладне повикани се двајцата учесници во разбојништвото, 21-годишниот С.Д. од Кавадарци и 26-годишниот С.А. од Битола, кои времено престојувале во Тетово, а кои кобната ноќ го нападнале и одзеле 260 евра и мобилен телефон.

Двајцата задржани се во Полициската станица во Тетово, а потоа во консултација со јавен обвинител пуштени се и истите ќе се соочат со соодветна кривична пријава.

24.09.2014 - 12:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега