ФОТО: Ова е затрупаниот рудар по кој се трага 24 часа

Директорот на рудникот Рембас во Ресавица, Владан Милошевиќ за српски Телеграф истакнал дека ситуацијата не е добра и дека не е оптимист за пронаоѓањето на затрупаниот рудар Жељко Милетиќ, по кога се трага веќе 24 часа. Акцијата за спасување е во тек, не е прекината уште од вчера од 9 часот и спасувачките екипи и рударите се во јамата.

Жељко Милетиќ има 36 години и е роден во Деспотовац. Во моментот на несреќата работел на бушење а со него биле уште двајца колеги кои успеале да се спасат.

 

24.09.2014 - 13:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега