„Не ја удрив, само и ја затворив устата со ливче“ - наставникот Шабани се правда за нападот врз ученичката

Не ја удрил туку само у ја затворил устата со ливче затоа што го пцуела. Ова беше оправдувањето на наставникот по физичко образование во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“, Флорен Шабани, за кого учениците го обвинија деја ја нападнал нивната другарка. 

 - Не сум ја удрил, само ѝ ја затворив устата со ливче, затоа што ме пцуеше - рече Шабани денеска пред новинарите кои ја следеа вжештената атмосфера во оваа образовна институција, во која триесетина ученици од македонските паралелки протестираа и не отидоа на настава.

Засега сеуште не е формирана дисциплинска комисија за случајот од страна на директорот Павле Павлов, на кого ученичката му се пожалила дека наставникот по физичко ја удрил. Паволв изјави дека работата со комисијата ќе биде завршена денеска, а до утре ќе биде позната и нејзината одлука. 

 

29.09.2014 - 14:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега