Украдени 50.000 денари од црква во кратовско

 

Пет мали икони и 50.000 денари се украдени од црквата „Св. Харалампије“ во кратовското село Скакулица.

кражбата се случила во период од неделата попладне до понеделникот наутро. Непознатиот крадец со сила и погоден алат делувал на металните цевки на прозорецот од црквата, го скршил истиот и влегол внатре. Откако ги земал иконите избегал од местото на настанот.

30.09.2014 - 10:20

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега