Крадците не запираат - направиле „парче"

Во периодот од 27.09. до 29.09. на улицата „Кочани“ во Битола од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во земјоделска аптека. Според податоците од полицијата, крадецот влегол преку балконската врата  и одзел разни ветеринарни медикаменти и земјоделски препарати, како и 8.100 денари причинувајќи материјална штета од околу 480.000 денари. 

Исто така, во периодот од 26.09. до 29.09. во Битола од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на кабел од електромотор од ски-лифт „Чука“ сопственост на ЈП „Стрежево“ со што е причинета материјална штета од околу 400.000 денари. 

Во текот на вчерашниот ден била ограбена и црква во кратовско од каде крадецот си заминал со 50.000 денари и икони.

30.09.2014 - 12:33

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега