Мировниот факел помина низ Гевгелија

 

Мировниот факел во рамки „Трката на мирот“ која годинава се организира по 27-ми пат, денеска помина низ Гевгелија.

Централната свеченост по повод пристигнувањето на мировниот факел се одржа во ОУ „Крсте Мисирков“ каде со песни, прозни состави и цртежи младите ја испратија својата порака за мир во светот.

- Факелот на мирот досега беше во рацете на 100.000 луѓе, меѓу кои и Мајка Тереза и Нелсон Мандела. Секој од нас може да го промени светот така што ќе даде практичен пример за другите и симболично ќе го направи првиот чекор. Во тој дух можеме да трчаме со факелот заедно во мир и хармонија и да живееме заедно во мир и пријателство, рече Рене Дипапсаја,европски координатор на „Трката на мирот“.

„Трката на мирот“ ја поздрави и гевгелискиот градоначалник Иван Франгов кој порача дека заедно ќе работиме да изградиме европско друштво на заеднички човечки вредности, за да имаме свет во кој мирот и хармонијата нема да бидат само зборови,туку реалност.

Европскиот тим ја почна трката на 21-ви февруари од Лисабон, Португалија и по поминати 47 земји од Европа и патека долга 24.000 километри,трката ќе заврши на 8-ми октомври во Белград.

30.09.2014 - 14:49

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега