Обвинителството предложи Бектеши да излезе од притвор

 

Тимот јавни обвинители кои работат на предметот за најголемата трагедија во историјата на Македонија кога во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени побара мерката притвор да се замени со куќен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, но и поранешен државен секретар во ова Министерство. 

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката "Пулс" ги привршува дејствијата на распити на сведоци - очевидци на настанот. 

Од Јавното обвинителство велат дека распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика.

-Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот, велат од ОЈО.

14.05.2025 - 18:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега