Црви ѝ паѓале од таванот - мртвото тело на соседот се распаѓало на горниот кат

 

Од таванот во кујната секојдневно паѓале стотици црви во домот на семејството Дејви во јужен Лондон. Кога откриле за што всушност станува збор се згрозиле.

Црвите биле тука поради мртвото тело кое во станот над нивниот се распаѓало веќе месец дена. Кога црвите започнале да паѓаат, 37 – годишната Карен Дејви која живее со сопругот и нивните четири деца, прво била збунета а потоа ја започнала својата борба со нападот на црви и муви, пренесува Дејли Мејл.

-Од Здружението на станари прво ми кажаа дека ќе видат за што станува збор, но потоа се предомислија и кажаа дека тоа нема никаква врска со нив. Дури откако сама повикав полиција го откривме проблемот, раскажува Карен.

Од здружението на станари и рекле дека станот не е исчистен поради полициската истрага, и дека штом ќе добијат одобрување ќе испратат тим против штетници.

30.09.2014 - 14:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега