Девизните резерви околу 2,5 милијарди евра

 

Девизните резерви во Македонија на крајот на август годинава изнесувале 2.449 милијарди евра и бележат зголемување од 72 илјади евра во споредба со јули.

Според податоците објавени на веб страницата на Народната банка, од почетокот на годинава девизните резерви се зголемени за 470 илјади евра.  

Најголем дел од девизните резерви се чуваат во хартии од вредност кои на крајот на август изнесувале 1.936 милијарди евра, а во валути и депозити се чуваат околу 295 илјади евра. Најмалку девизни резерви има во монетарно злато, односно 212 илјади евра. 

01.10.2014 - 11:47

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега