Дали сте спремни за многу ниски температури и колку тоа ќе ве чини?
Метеоролозите од регионот предвидуваат невообичаено студена зима, со ниски температури и до минус 22 степени.
За толку ниски температури непостои евтино греење, но ако добро се информирате може многу да заштедите. На пазарот се нудат различни алтернативи за греење. За вас издвоивменачиникако подобро да го загревате домот и да го чувате домашниот буџет.
Пресметајте колку пари може да заштедите и погледнете ги сите опции кои ви стојат на располагање ТУКА, дел од нив се со попусти до 20%!
Ги издвоивме следните алтернативни решенија за греење:
Еднократно, потребна е поголема инвестиција за камин или котел на пелети со адекватна моќност. За простор од 50 м2 потребен е камин со моќност од 8kW. Цените варираат во зависност од моќноста, производителот и дизајнот. Голем избор на камини на пелети можете да погледнете ТУКА и веднаш да поставите прашање до продавачите.
Пелети се повеќе се користат бидејќи се практични:1 тон пелети заменува 4 кубика огревно дрво, а зафаќа три пати помал простор од вашиот подрум или двор. Останува многу малку пепел, а воздухот е чист. За простор од околу 50 м2 за една грејна сезона би потрошиле 1 тонкој чини околу 12.000 ден. Со пелети може да се снабдите ТУКА.
За да дознаете какви котли на дрва се нудат на домашниот пазар и по која цена се, проверете ТУКА.
Веројатно најдобра замена за огревно дрво се брикети. И тие ќе ви одземат помал простор (1 тон заменува 4-5 кубика дрво) и ќе добите почист начин на греење (пепелта е незначителна). Изборот и цените на брикетите се ТУКА. Во зависност од суровината цените се движат од 8.260 до 12.000 денари за 1 тон. Не ги користете во отворен камин бидејќи брзо согоруваат кога нема регулација на воздух.
Инвертер клима уреди се употребуваат преку целата година. Покрај ладење во лето, посебно се корисни за загревање на поголеми простории во зима и преодни периоди. На пазарот се нудат различни инвертер клими - за карактеристиките и цените информирајте се ТУКА. Изборот е од различни производители по цени од 22.890 денари па се до оние со напреден дизајн кои чинат над 70.000 денари. Дел од нив сега се со попусти до 15%. Важно е да изберете модел со капацитет што одговара на просторот, на пример за загревање на 50м2 потребен ви е уред со моќност од 5kW.
Важно есо продавачите да ги дефинирате деталите за големината на просторот кој сакате да го згреете, нивото и типот на изолација, како и локацијата на објектот. Со ова продавачите на опрема за греење ќе ви помогнат да направите најдобар избор. За овие, но и останати прашања претходно контактирајте ги продавачите за да ве упатат на најдобро решение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа