Во Албанија од карцином годишно умираат по 4.000 лица

 

Загружувачки расте бројот на заболени од рак во Албанија, каде годишно како последица од оваа болест умираат 4.000 лица, јави дописникот на МИА.

Овие алармантни податоци ги изнесе Агим Салаку, началник на Клиниката  за онкологија  при државната болница во Тирана, на седница на парламентарната комисија за здравство.

- Се забележува постојано зголемување на случаите со карцином. Годишно се регистрираат по 7.000 нови случаи на заболени од карцином, при што кај половината од нив болеста е дијагностицирана кога е во висок стадиум, односно кога и нема лек. Половина од новозаболените се во Тирана, изјави Салаку.

Пратеникот од редовите на владејачката Социјалистичка партија, Или Зеќиши изнесе критика за несоодветната грижа околу опремувањето на Клиниката за онкологија, при што наведе пример дека линеарниот акселератор „на место во Онкологија завршил во неврохирургија“.

Претставниците од Министертвото за здравство најавиле дека во наредните две години ќе бидат отворени регионални онколошки одделенија кои ќе пружаат идентична услуга како и Онколошката клиника.

03.10.2014 - 09:13

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега