Го прободеле со нож - крвава ноќ во Куманово

Крвава пресметка се одвивала во Гостивар кога 34-годишниот М.Б. се задобил со три убоди во грбот по расправија со неговиот сосед. Повредениот заради сериозноста на повредите е пренесен на скопските клиники, а напаѓачот е приведен.

19-годишниот К.Н. и уште едно лице пиеле алкохол во дворот на една куќа во населбата Циглана. Половина час пред полноќ, започнала расправија и од сé уште неутврдени причини помладиот сосед го нападнал М.Б. и со остар предмет го пробол во грбот неколку пати и избегал.

По ранувањето, М.Б. бил пренесен во гостиварската болница, од каде како итен случај е пренесен на скопските клиники. По пријавата, на местото на настанот јавен обвинител и екипа на СВР Тетово извршиле увид. Осомничениот набрзо е најден и приведен. По расчистување на околностите кои довеле до ранувањето, во текот на денот се очекува на К.Н. да заработи соодветна пријава. 

03.10.2014 - 11:06
Фото: 
пулс24

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега