Ѓоковиќ и Мареј полуфиналисти во Пекинг
Во полуфиналето на турнирот во Пекинг Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј изборија пласман, откако ги совладаа Григор Димитров и Марин Чилиќ со 2:0 во сетови.
.Ѓоковиќ двата сета против Димитров ги доби со 6:2 и 6:4 во гемови, што за него беше 22.ра победа на мечевите во Пекинг и сеуште нема пораз на овој турнир.
Неговиот ривал во полуфиналето Британецот Мареј го совлада шампионот на УС Опен, Хрватот Чилиќ со 6:1 и 6:4 во гемови.
Во другите два четвртфинални дуела ќе играат Џон Изнер против Томаш Бердиџ и Рафаел Надал против Мартин Клизан.
Кај жените се одиграа само два четвртфинална меча Марија Шарапова во „рускиот дуел“ ја победи Светлана Кузнецова со 6:0 и 6:4, додека Петра Квитова постигна победа над Роберта Винчи со 7:6 (7:2) и 6:4.
Другите две полуфиналистки се Ана Ивановиќ и Саманта Стосур, откако Симона Халеп (Ивановиќ) и Серена Вилијамс (Стосур) ги предадоа мечевите без борба.
Во полуфиналето ќе играат Ивановиќ – Шарапова, Стосур – Квитова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа