Крвава тепачка во Тетово - еве што се случило

Осумнаесетгодишно лице од Желино се здобило со тешки телесни повреди, а две лица од Палатица на возраст од 17 и 18 години биле задржани во полицијата по тепачка што вчера попладне околу 18 часот се случила на улицата „Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“.

Во тепачката на која и претходела бурна вербална расправија, тешки телесни повреди задобил 18-годишниот Е.Р. од Желино, кој со возило на Брза помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники. 

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

03.10.2014 - 12:17
Фото: 
сител

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега