Машки труп пронајден во Штип

Крвава слика ги згрози штипјани. Машки труп бил пронајден во близина на Агенцијата за вработување во Штип.

Како што јавува Канал5, се работи за маж на возраст од 55-години кој бил пронајден синоќа околу 22 часот. Телото го пронашле случајни минувачи. Оние кои го познаваат човекот велат дека имал проблеми со алкохолот.

Телото ќе биде предадено на обдукција.

03.10.2014 - 14:21

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега