Вардар – Пелистер во дербито од Првата македонска лига

 

Дерби натпреварот од 10.коло во Првата македонска фудбалска лига во кое лидерот на табелата Вардар ќе го пречека битолски Пелистер.

Дуелот кој требаше да се игра на националната арена „Филип Втори„ во Скопје, сепак поради реконструкција на теренот за претстојниот евро-квалификациски дуел на Македонија против Луксембург закажан за во четврток (9 октомври), натпреварот Вардар – Пелистер ќе се игра на стадионот во скопската општина Ѓорче Петров.

На овој натпревар нема да може да присуствуваат симпатизерите на Пелистер, популарните „Чкембари„ бидејќи стадионот кој има само една трибина, не ги исполнува условите за присуство на две навивачки групи.

Дербито, Вардар – Пелистер ќе започне од 15 част, термин во кој утре (недела) ќе се играат и останатите четири средби од ова 10.коло: Брегалница – Шкендија, Металург – Работнички, Хоризонт Турново – Силекс и Тетекс – Ренова.

Табела: Вардар 21 бод, Металург 17, Шкендија 15, Пелистер 15, Силекс 13, Хоризонт Турново 13, Работнички 13, Ренова 9, Брегалница 5 и Тетекс 2.

04.10.2014 - 10:24

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега