Македонски хирург заврши во притвор - еве зошто

Полициската станица  Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(61) од Прилеп,  поради основано сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање поткуп“. Пријавениот, кој е вработен како доктор специјалист хирург, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати, злоупотребувајќи ја својата службена положба, за службено дејствие кое морал да го изврши – лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и постоперативни контроли, врз пациент од болницата, по кажување на пријавителката побарал и примал парични средства во вкупен износ од 24.000 денари, како и парични средства во вкупен износ од 12.000 денари, во текот на контролите во месеците февруари, март, април и мај 2014 година, со што се стекнал  со противправна имотна корист во вкупен износ од 36 000 денари.

По Наредба од ОЈО Прилеп, од страна на полициски службеници со потврда од пријавениот е одземена една банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.

Лицето е лишено од слобода , а од страна на судија за претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена. 

04.10.2014 - 13:21

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега