Ромарио избран за сенатор во Бразил

 

Ромарио легендарниот бразилски фудбалер е избран за сенатор во Бразил, откако по вчерашното гласање во државата Рио де Женеиро победи убедливо со над 63 отсто од гласовите.

Тој е избран како кандидат на Бразилската социјалистичка партија, кон која се приклучи во 2009 година, кога таа имаше сериозни финансиски и судски проблеми. Една година подоцна Ромарио веќе беше избран за член на Долниот дом на Федералниот парламент.

Познат по својата тврдоглавост, скромност на фудбалскиот терен и бурниот ноќен живот, Ромарио со многу труд го изгради својот имиџ како пратеник. Интересно е што тој беше жесток противник на организирањето на годинешното Светско фудбалско првенство во неговата земја.

Фудбалската легенда ги осудуваше корупцијата и огромните државни трошоци кои беа дел од подготовките на Мундијалот, наместо тие пари да се искористат за здравството, образованието и инфраструктурата.

Меѓу најголемите непријатели на Ромарио е уште еден легендарен бразилски фудбалер и негов поранешен соиграч во репрезентацијата, Роналдо, кој се вклучи во предизборната кампања на претседателскиот кандидат на социјалдемократите Аесио Невиш.

Во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 26 октомври, ќе се борат Невиш и актуелниот шеф на државата Дилма Русеф.

06.10.2014 - 09:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега