Ролати со кокос и јаболка
- 400гр. урми
- 100гр. кокос
- 3 полни лажици крем од индиски ореви (остатокот од пралините)
- Ролат со јаболка
- 400гр. урми
- 50гр. мелени овесни снегулки
- 150гр. сецкани ореви
- 1 големо јаболко
- кора од 1 лимон
- 1 лажица ванила
- по вкус цимет
1. Урмите измелете ги на машина за мелење (или во блендер). Додадете помалку од половина од кокосот и убаво измесете да се соедини. Во кремот додадете го остатокот од кокосот и измешајте. На фолија расплескајте ја смесата да добиете што е можно потенка кора. Премачкајте со кремот и со помош на фолијата свиткајте ролат.
2. Во мелените урми додадете ги овесните снегулки и отприлика 50гр. сецкани ореви, кората од лимон, циметот и ванилата и измесете да се добие убава смеса. Јаболкото изреднајте го на крупната стрната, додадете ги останатите ореви и малку цимет и убаво соединете. Повторно на фолија расплескајте тенка кора и распоредете го филот од јаболка. Со кујнска салфетка притиснете од горе да се собере вишокот течност, па завиткајте ролат. Оставете ги ролатите во фрижидер да се стегнат и да се спојат вкусовите па пресечете и послужете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа