Жерновски: Не знам дали ќе останам претседател на ЛДП

 

Не знам дали ќе се кандидарам или не на престојниот конгрес на пролет идната година. Лидерот на ЛДП и градоначалник на општина Центар денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека едвај чека да дојде конгресот и низ демократска процедура партијата да реши кој ќе биде идниот лидер.
„Функцијата во општина Центар, во условите во кои се работи бара посебна посветеност. Оттука, се уште размислувам дали ќе се кандидарам на престојниот конгрес на пролет за нов претседателски мандат. Како и да е, знам дека ЛДП има квалитетни кадри и дека ќе биде избран најдобриот за да ја води партијата“ - изјави Жерновски

Медиумите веќе објавија дека потпретседателот на ЛДП и прв човек на битолскиот огранок на либералдемократите ја највавил својата кандидатура. Според изјавите кои ги пренесуваат медиумите тој бил незадоволен од лошиот рејтинг на партијата.
Уште една работа која му се замерува на Жерновски е Роза Топузовска Каревска која не ја послуша директивата од СДСМ и реши да го прифати пратеничкиот мандат. Според информацитие кои беа објавени, таа бил личен избор на Жерновски. 

Жерновски е четвртиот претседател на ЛДП. Функцијата ја врши од 2011 година кога го наследи Јово Манасиевски. Претседател на ЛДП со најдолг стаж е Ристо Пенов кој беше на чело на партијата од 1999 до 2007 година. 
Интересно е што секој претседател на ЛДП на функцијата доаѓал од потпретседателската позиција. 

06.10.2014 - 13:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега