Македонија мора да постигне брз гол против Луксембург
Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за претстојните дуели од квалификациите за Европското првенство 2016 година. „Црвено-жолтите“ ќе играат најпрвин со Луксембург во Скопје (9 октомври), а потоа со Украина во Л‘вов (12 октомври).
Еден од најискусните во репрезентацијата голманот Томе Пачовски има свое видување за првиот ривал Луксембург.
- Оваа репрезентација е незгоден противник особено што има победа на еден од последните натпревари со нас. Ќе мора брзо да постигнеме гол за да можеме полесно да играме во продолжението од натпреварот, истакна Пачовски.
На подготовките се приклучи и играчот на Динамо Загреб Аријан Адеми, кој ќе дебитира во дресот на македонската репрезентација. Ново име во селекцијата е и Дарко Велковски, а повратници се Никола Глигоров и Муарем Муарем, двајцата играчи од средината на теренот.
Последен во репрезентацијата ќе се приклучи Мирко Ивановски, кој вчера имаше настап во романското првенство во дресот на Клуж.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа