ФОТО: Добил голем бакшиш и покрај лошата услуга- причината неверојатна
Брачниот пар Мекензи и Стивен Шулц од Ајова решиле да ја прослават годишнината од бракот во еден ресторан.
Седнале, чекале келнерот да се појави и да ја направи нарачката после 20 минути, потоа чекале на предјадењето 40 минути, а за вечерата еден час, но наместо да се изнервираат поради ужасната услуга, тие го почестиле келнерот со 100 долари.
Причината зошто го оставиле големиот бакшиш Мекензи ја објасни на својот Фејсбук профил.
„Сите во ресторанот се смееја дека услугата е ужасна. Дванаесет маси, а еден келнер.
Трчаше на сите страни, им се извинуваше на сите и не се нервираше кога сите беа лути, а потоа помислив ‘тоа бевме ние некогаш'”, му напишала Мекензи објаснувајќи дека и таа и нејзиниот сопруг некогаш работеле во ресторан за минимум плата и “живееле” од бакшишот…
„Тогаш јас и Стивен решивме да го почестиме иако се беше ужасно. Отидовме до ресторанот пред да го види бакшишот.
Не го пишувам ова да ми кажете ‘Браво’, туку да ве потсетам да посветите внимание на ситуацијата во која некој се наоѓа и да запаметите од каде сте дошле”, заклучува таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа