Веб страница преку која ќе дознаете како ќе изгледате за 20 години
Ве интересира како би изгледале за двесет години од сега. Нова веб страница која користи најнова технологија ќе ви покаже токму тоа - како ќе изгледате во иднина.
Софтверот работи така што ве фотографира преку камерата на компјутерот и ви го мапира лицето со 3D технологија. Со креираниот модел од вас за 20 години од сега, дури може и да си направите муабет.
„За да постигнеме реалистичен изглед, моделиравме лице глава и рамена кои работат во WebGL, употребивме софтвер за документирање на изразот, кој обично се користи од студиа ја креирање на видео игри, со цел да се анализира изгледот на еден човек и да се креира финалната, постара верзија на човекот“, изјави креативниот директор на компанијата Jam 3, Едријан Белина.
Резултатот на #futureself изгледа како постара анимирана верзија од вас. За да го испробате ова и да дознаете како најверојатно ќе изгледате за 20 години од сега,клик тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа