Мирно во скопски Аеродром по мечот на МЗТ - нема никакви инциденти

 

Во скопски Аеродром е мирно. Иако излегоа информации дека навивачите на МЗТ ја демолирале новата сала во спортскиот центар Јане Сандански, се работи за дезинформации, јавува Република повикувајќи се на информации од своите репортери на терен.

-Салата се чисти, нема никакви инциденти. Нема повеќе ни полиција- јавува репортерот на „Република“.

И претставник на Специјалната единица која беше во салата потврдуваат дека нема никакви инциденти. Велат нивните припадници се раздолжуваат со опрема, нема никакви проблеми.

Инаку, некои портали излегоа со информација дека навивачите на МЗТ лути што столчињата во салата се црвени, а не сини, ја демолирале салата.

07.10.2014 - 22:48


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега