Батистута заплака во „Куќата на славните“
Новиот член во „Куќата на славните“ на Фиорентина е Аргентинецот Габриел Батистута, а на свечениот прием тој реагираше многу емотивно и заплака.
Среќен сум што и официјално влегувам во историјата на Фиорентина. Бев многу возбуден кога ме повикаа да дојдам, а сега сум одушевен, изјави Батистута.
Популарниот „Бати-гол“ стана еден од најдобрите напаѓи во историјата на „виолетовите“. На 332 натпревара постигнал 207 голови.
За својата посветеност кон Фиорентина и придонесот клубот да се издигне меѓу подобрите во Италија, Батистута доби и биста пред стадионот „Артемио Франки“.
45-годишниот Батистута за Фиорентина настапуваше во периодот 1991-2000 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа