ЦЕЕД Македонија е Национален шампион на Европските бизнис награди 2014/15
Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија е прогласен за Национален шампион на Европските бизнис награди во конкуренција од 24.000 бизниси од 33 европски земји спонзорирани од РСМ Интернатионал.
За национални шапиони прогласени се 709 компании од цела Европа што влегоа во втората фаза на овој натпревар, пренесува МИА.
ЦЕЕД Македонија на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари.
За големото достигнување на ЦЕЕД да биде именуван за национален шампион честитка упати Адриан Трип, главен извршен директор на Европските бизнис награди и им посака среќа во следната фаза.
Панел на судии формирани од европски бизнис лидери, академици и претприемачи ќе ги гледаат видеата за националните шампиони и најдобрите ќе се натпреваруваат во големото финале во 2015 година. Сите национални шампиони ќе учествуваат во јавното гласање за прогласување шампион на јавноста во секоја земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа