ВИДЕО: И експертите од регионот признаа - по СФРЈ Словенците се најбогати, Македонија најнезадолжена

 

По распадот на Југославија, секоја државата тргна по својот пат. Економски гледано, каде истата се наоѓа денеска, и колку за споредба, кои земји најмногу напредуваа, а кои најмалку. Дали митот за подобар живот се оствари?

Најголема месечна просечна плата на вработените на Балканот имаат Словенците во износ од 1002,75 евра, а најниска Македонија со 352,47 евра.

Хрватска е зад Словенија, единствена земја од просторот на СФРЈ во која просечната плата е поголема од 500 евра.

Просечната плата во Хрватска во јули изнесувала 728,92 евра, според тамошните статистички агенции.

Во Црна Гора просечната плата во јули била 473 евра во БиХ 323,87 и во Србија 381,26 евра.

Овие податоци покажуваат дека меѓу земјите на Поранешна Југославија се направени значителни економски разлики.

Словенија е најуспешна и кога се гледаат и други показатели. Словенскиот БДП по жител изнесува 22,7 илјади долари, односно вкупно 46,8 милијарди долари. Невработеноста е релативно ниска – 10,1% а од вкупно 2,05 милиони Словенци, дури 900 илјади работат.

Хрватска која по критериумите ги плаќа долговите на другите земји од СФРЈ, има значително ниски БДП по жител во одос на Словенија кој изнесува 13,5 илјади американски долари, а неговата вкупна вредност е 58,0 милијарди долари. Невработеноста тргнува од околу 17% додека на вкупно 4,2 милиони жители работат само 1,5 милиони.

Црна Гора која е трета по висина на платите, има БДП по жител од 7,02 илјади долари, односно вкупно 4,3 милијарди долари. Невработеноста во Црна Гора изнесува околу 15%, а вкупното население е околу 600,000 луѓе.

Во БиХ најголема невработеност

Бруто домашниот производ по жител во БиХ изнесува 4,5 илјади долари, односно вкупно 17,8 милијарди долари. Невработеноста изнесува високи 27% на работно активно население, а вкупната популација е 3,8 милиони.

Србија има БДП по жител во износ од 5,9 илјади долари, што е вкупно 42,5 милијарди долари. Невработеноста изнесува 21% од работното активно население, а вкупната популација изнесува 7,1 милион жители.

Макеоднија во која платите се мали има БДП по жител од 4,9 илјади долари, или вкупно 10,2 милијарди долари. На износот на плати веројатно влија и невработеноста од 27% на работно способното население. Во Македонија живеат 2,07 милиони жители.

Интересно е тоа што богатите земји имаат и поголеми јавни долгови во однос на БДП (податоци за 2013 година) па така словенскиот јавен долг изнесува 73% на БДП, а јавниот долг на Србија 65,7% БДП, на Црна Гора 56,8; на Хрватска 59,7%; на БиХ 42,7% додека ваквиот однос е најнизок кај Македонија и изнесува само 35,7% од БДП.

Државите на поранешна Југославија се должни со 130 милијарди евра

Според пресметките на економските експерти од БиХ, како што пренесува порталот Индикатор, државите настанати по распадот на Југославија, денеска имаат надворешен долг од 130 милијарди евра (180 милијарди долари) додека пред војната односно 1991 година, долгот на Југославија изнесувал 11 милијарди евра (15,6 милијарди долари)

Економските експерти во БиХ нагласуваат дека ова не ја отсликува вистинската состојба, затоа што вредноста на американскиот долар денеска не е ист како и пред 25 години. Но се согласуваат дека јавниот долг на зејите од СФРЈ денеска е пет пати поголе отколку што бил пред нејзиниот распад.

БДП на шесте држави на СФРЈ на слично ниво како и во 1991 година

Економистите предупредуваат дека вкупниот износ на БДП на сите шест нови држави, односно, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, БиХ и Црна Гора реално е приближен или нешто помал во однос на тој од 1991 година.

Надворешниот долг на Југославија од околу 11 милијарди евра е распореден така што Србија наследија 36,5% или околу четири милијарди евра. Хрватска превзема 28,5% или околу три милијарди евра, а потоа следи Словенија со 16,4 % или 1,8 милијарди евра, додека БиХ имала обврска да врати милијарда и половина евра или 13,2%. Најмалку долг превзема Македонија се на се 621 милион евра.

 

Уверливо најзадолжена земја во СФРЈ е апсолутно Хрватска, чиј надворешен долг изнесува дури 54 милијарди евра. Следи Словенија со 42 милијарди евра, Србија со 26 милијарди евра, Македонија со 5,5 милијарди евра, а на чело на листата се БиХ со 3,9 милијарди евра и Црна Гора со 1,6 милијарди евра.  

09.10.2014 - 13:15


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега