Дарко Станиќ замина од Металург
Ракометниот клуб Металург и голманот Дарко Станиќ спогодбено се договорија да ја завршат тригодишната соработка. Од клубот соопштуваат дека двете страни во конструктивна атмосфера се договорија за сите детали што се содржани во спогодбениот раскин на договорот.
-Поминав три прекрасни и незаборавни години во дресот на Металург. Седнавме на маса и во конструктивен дијалог со управата на клубот спогодбено го раскинавме договорот. Најискрено жалам што и јас и клубот се најдовме во оваа ситуација, но на крајот сите заедно собравме сили и го изнајдовме најдоброто решение за двете страни. На мојот досегашен клуб му посакувам многу среќа во иднина и повторување на истите резултати и успеси од трите сезони во кои и јас бев дел од овој успешен проект., изјави Станиќ за сајтот на Металург.
Ракометниот клуб Металург исто така изразува длабоко жалење за прекинот на соработката со еден од најдобрите голмани во светот, Дарко Станиќ, и воедно му посакува многу среќа и успех во натамошната кариера, без оглед каде ќе ја продолжи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа