Што се случувало синоќа на улиците во Скопје?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и пет се со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 15 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања со децата од предучилишна возраст во детската градинка „11 Октомври“, во објектите „Чаир “ и „Бутел 2“.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела, 12 октомври, со почеток во 19 часот и 30 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Рајн Некар, од Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

10.10.2014 - 09:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега