Љубчо Георгиевски до Заев: Откажи се од барањето за техничка Влада

 

ВМРО-НП ги советува социјалдемократите да се откажат од барањето за техничка Влада. Партијата на Љубчо Георгиевски му редлага на Заев наместо техничка влада да бара смена на неколку функционери во власта на три месеци пред изборите.
„ВМРО-Народна партија смета дека нашиот предлог три месеци пред денот на изборите актуелните министри за внатрешни работи, за правда и за финансии и директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност, да се заменат со експерти кои не се членови на политички партии, со мандат до завршување на изборите. Ова решение би важело пред секои 
парламентарни избори. ВМРО-Народна партија смета дека ова е идеална позиција и за двете страни и добра основа за започнување на дијалог што ќе значи излез од сегашниот политички ќорсокак“, соопшти ВМРО-НП.

Љубчо Георгиевски уште од пред последните избори не е дел од коалицијата на СДСМ. Сепак во политичките кругови нема дилеми дека тој и натаму е близок соработник на СДСМ и Зоран Заев, факт поради кој целосно ја изгуби поддршката од денсичарски определеното гласачко тело. Оттука, експертите се сомневаат дека овој став на ВМРО-НП е обид на Заев да пушти пробен балон во јавноста, како првиот чекор од ретерирањето од барањето за техничка Влада.
Во владејчаката партија во повеќе наврати јавно го кажаа својот став дека барањето за техничка влада во услови кога граѓаните дадоа огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е тотално неприфатливо.

10.10.2014 - 11:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега